Кошаркарите на МЗТ во „Кале“ се појавија со црни маици, ќе играат за нивниот Мац (Фото)

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром пред вечерашното гостување кај ТФТ од полуфиналето на плејофот во македонското кошаркарско првенство, на загревањето во салата во СРЦ „Кале“ се појави во црни маици со ликот на ненадејно починатиот Марјан Михајловски-Мац, човек кој беше вработен во клубот, а познат беше како еден од најголемите навивачи на МЗТ.

Во минатото Мац беше и активен кошаркар, играше и во првата лига, а за неизмерната љубов која ја имаше кон МЗТ, заслужи барем ваква чест.

- Оглас -

Најнови вести