Кошаркарите на Партизан излегоа на терен со маички со ликот на Дејан Милојевиќ (Фото)

Кошаркарите на Партизан загубија со 84:71 на гостувањето кај Панатинаикос во Атина во дуелот од 22-то коло од Евролигата, но пред почетокот направија потег за почит.

Тие на паркетот во „Оака“ арената во Атина излегоа со маички со ликот на починатиот Дејан Милојевиќ, а под сликата на поранешниот кошаркар и на Партизан пишуваше „И најголемите борби некогаш си одат“.

Сите натпревари од 22-то коло во Евролигата започнаа со минута молк во чест на починатиот Милојевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести