Mакедонскиот вицепрвак Пелистер забележа нов пораз во АБА 2 лигата. Битолскиот тим загуби од Џокер во Сомбор со 93-84.
Кошаркарите на Пелистер влегоа подобро во мечот и обезбедија предност од четири поени (49-53) по првото полувреме.
Сепак, одиграа очаен трет период кој го загубија со 29-7 и му дозволија на домаќинот да обезбеди недостижно водство.
За Пелистер ова е третиот пораз во сезоната, има една победа во групата Ц, во која Џокер остана со перфектен ефект.
Антоан со 18 поени мечот го заврши како прв стрелец, Мишковиќ запиша 17 поени, додека еден поен помалку имаше Костоски.