21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Кошаркарите на Црвена звезда утре ќе добијат нов тренер

Управата на кошаркарскиот клуб Црвена звезда ја раскина соработката со тренерот Владимир Јовановиќ поради слаби резултати, а неговиот наследник ќе биде промовиран утре.

Нов тренер на Црвено-белите ќе биде Душко Ивановиќ, а прес-конференцијата за неговата промоција е закажана за утре во 13 часот.

„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека клубот денеака спогодбедно ја прекина соработката со поранешниот прв тренер на сениорскиот тим Владимир Јовановиќ.
Клубот сака да ја искористи оваа можност да му се заблагодари на Владимир Јовановиќ за огромната енергија, труд и работа што ги вложи на исклучително напорната позиција на прв тренер. КК Црвена звезда навремено и во најкус можен рок ќе ја информира јавноста за следните чекори во оваа прилика и за именувањето на новиот прв тренер“, соопшти Црвена звезда.

Црвено-белите по седум кола во Евролигата имаат само една победа и се наоѓаат на последното место на табелата, додека во АБА лигата имаат скор од 4-1.
Јовановиќ на клупата на Црвена звезда седна изминатото лето наследувајќи го Дејан Радоњиќ кој минатата сезона освои три трофеи.

Новиот тренер Душко Ивановиќ најдобрите резултати во тренерската кариера ги имаше на клупата на Басконија со која три пати ја освојуваше титулата во Шпанија, а има и четири триумфи во Кралскиот куп.

- Оглас -

Најнови вести