Кошаркарите одат по „два во кец“ победа против Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација е во негатива од шест поени по првото полувреме против Словачка, при резултат од 40:46 во мечот кој се игра во СРЦ „Кале“, во рамките од второто коло во претквалификациите за Евробаскетот 2025.

Избраниците на Александар Јончевски по водството од 9-8 на почетокот од мечот, паднаа резултатски и до паузата цело време бркаа едноцифрена негатива. Во последните неколку минути од вториот период, Војдан ја намести раката и погоди две клучни тројки.

Токму Војдан Стојановски со 12 и Ѓуроски со 8 поени засега ја држат Македонија во игра, но ќе мора да се засили темпото и да се подобри ефикасноста во вторите две четвртини, доколку сакаме да ја оствариме втората победа во претквалификациите, по онаа над Данска пред три дена.

- Оглас -

Најнови вести