Кошаркарите против Чешка сакаат да го поправат впечатокот од убедливите порази од Израел и Естонија (Фото)

Кошаркарската репрезентација на Македонија денес го завршува настапот на претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз во 2024 година. Иако постојат шанси да се мине групата, тие се помали и од теоретски со оглед на она што го покажавме на мечевите против Израел и Естонија, на кои загубивме убедливо.

Денешен противник во 15 часот во Талин ќе ни биде селекцијата на Чешка, еден од фаворитите за пласман во следната рунда, а тоа е полуфиналето во Полска. Сè освен убедлива победа на Чешка на овој натпревар ќе биде големо изненадување, за што говори и квотата која е само 1.03 за победа на чешката репрезентација.

Победа на Македонија носи огромна квота од 12.3 во понудата на Sport Life.

Денес ќе се играат натпревари само во европските квалификации, а на програмата се само четири натпревари кои можете да ги најдете во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести