22.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Кошаркарите родени во Македонија и Албанија, ја уништија Грција за финале на Турција на ЕП

Убедливата победа на Турција над Грција од 94-68 во полуфиналето на Евробаскетот покажа дека оваа генерација на Турција предводена од селекторот Ергин Атаман може да направи историски успех и првпат да се искачи на европскиот трон.

Главни играчи во оваа екипа се феноменалниот Алперен Шенѓун кој игра за Хјустон рокетс во НБА и Американецот со турски пасош и евролигашка ѕвезда Шејн Ларкин, но синоќа против Грција блеснаа уште двајца играчи кои не се родени во Турција.

Ерџан Османи одигра партија на кариерата, воодушеви со својата игра во напад, даде 28 поени, и уште поважно го неутрализираше Јанис Адетокумбо на само 12 поени, додека Џеди Осман беше важен „икс фактор“ бидејќи имаше повреда и не се знаеше дали ќе игра, а придонесе со 17 поени и беше втор стрелец.

Османи е роден во Бајрам Цури на северот на Албанија, кошарка почна да игра во Косово пред да се пресели во Турција. Сега е играч на Анадолу Ефес и еден од столбовите на турската селекција.

Осман е добро познат за нашата јавност, роден е во Охрид, неговиот брат играше за младинските селекции на Македонија, но Џеди одбра да игра за Турција, без да заборави од каде потекнува и често го посетува родното место. И тој има НБА искуство, а сега е во Панатинаикос и кога ќе се врати во Атина, ќе може да ги „задева“ грчките колеги и да ги потсетува на синоќешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести