29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Кошаркарите се „преселија“ во Гевгелија, Савичевиќ: „Оваа репрезентација има голем потенцијал“

Подмладената кошаркарска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за преткавификациите за пласман на Светското првенство, но сега Скопје го замени со Гевгелија.

Нашите кошаркари веќе се на југот од земјава, а таму ги очекуваат и два контролни дуели со селекцијата на Швајцарија.

Македонија е во група со Романија и Унгарија, а претквалификациите ќе се играат од втори до 20 август.

„Скоро сите меѓу нас се познаваме доста добро, долги години сме заедно. И мислам дека вака, како помлади, сите треба да дадеме сè од себе, да ја покажеме желбата и борбата за Македонија, ќе видиме што ќе направиме. Сметам дека оваа репрезентација има голем потенцијал, еве има и промена на генерации, нови тренери. Мислам дека добро ќе се вклопиме во системот на селекторот, па ќе видиме, ќе покажат резултатите. Сè уште ја немаме анализирано играта на противниците, но знаеме дека се работи за доста квалитетни селекции, особено Унгарија. Но, реков ќе дадеме сè од себе и се надеваме на победи, на четири победи“, вели Лука Савичевиќ.

- Оглас -

Најнови вести