Македонската кошаркарска репрезентација претпладнево одржа тренинг во салата во Баку каде утре ја чека натпревар против Азербејџан од 17 часот.

Во тој дуел од претквалификациите за СП 2029, Црвено-жолтите се фаворити, со оглед на победата од 38 поени разлика на мечот со истиот противник во Скопје.

Андреј Јакимовски кој играше и на тој прв меч, верува дека како победници ќе се вратат и од гостувањето кај Азербејџан.
„Игравме со нив дома, знаеме каква репрезентација се, какви играчи има. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, иако кратко е времето за подготовка. Може да ги добиеме и да се вратиме дома со победа“, вели кошаркарот на италијански Тренто и предводник на оваа македонска селекција.

