Кошаркарка излезе од игра за да го дои 11-месечното бебе (Фото)

Антонела Гонзалес е кошаркарка која пред неполна година се породи и доби ќерка. Гонзалес многу брзо по пораѓањето повторно се врати на спортските активности и во редовите на тимот на Томас де Рокамора.

На мечот против Велес Сарсфилд, Антонела направи еден ретко виден потег, но нешто што е сосема природно. Излезе од теренот за да може да го надои своето 11-месечно бебе.

„Секогаш пред меч ја хранам. Понекогаш е потребно повторно да ја нахранам. Разговарав со тренерот и му реков дека ми треба малку време. Сето тоа е толку природно. Изненадена сум што за нешто толку природно има толку голема фама. Но, среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе биде пример за останатите мајки дека по породувањето може брзо да се вратат на спортските активности“, рече кошаркарката Гонзалес.

 

- Оглас -

Најнови вести