25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Кошаркарките на Шпанија ќе играат за четвртата титула на последните пет ЕП

Кошаркарките на Шпанија се први финалистки на Европското првенство, откако со 69:60 ја совладаа Унгарија.

Шпанија ќе игра во четвртото финале на последните пет Европски првенства, а славеше на сите три меча во кои играше за титулата.

Алба Торенс со 27 поени беше најдобра во редовите на Шпанија, а одлична партија прикажаа Маите Казорла со 16 и Паула Гинзо со 10 поени. Кај Унгарија, најдобра беше Агнес Студер со 13 поени.
Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Белгија и Франција кое е во тек.

- Оглас -

Најнови вести