Кошаркарките убедливо поразени од Србија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз (105-60) од Србија на дуелот во Белград, претпоследен меч од квалификациите за континенталниот собир. Разликата во квалитет е јасна, со приближно идентична разлика избраничките на селекторот Александар Ашаданов загубија од Србинките и на првиот натпревар во Скопје.

Домаќинот го доби првиот период со 27-17, а на полувреме имаше негатива од 20 поени (51-31).

Најмала беше разликата во третата четвртина која Македонија ја загуби со 23-18, но затоа Србинките додадоа гас во последниот период.

- Оглас -

Најнови вести