36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Кошаркарките во група со Грција, Хрватска и со Данска во квалификациите за Евробаскетот 2027

Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација го дозна својот распоред за првата квалификациска рунда за пласман на Евробаскет 2027. На ждрепката одржана во Минхен, Македонија беше сместена во четвртиот барабан заедно со селекциите на Естонија, Кипар, Австрија, Ирска и Азербејџан.

Нашите кошаркарки се дел од Групата Ф, каде што ќе се натпреваруваат против Грција, Хрватска и Данска, селекции со богато европско искуство.

Во првата рунда ќе учествуваат 27 селекции, поделени во шест групи од по четири и една група со три тима. Натпреварите ќе се играат во периодот од ноември 2025 до март 2026, преку четири ФИБА прозорци, по системот секој со секого. Победниците и второпласираните од секоја група, како и трите најдобротретопласирани тимови ќе продолжат во втората квалификациска рунда.

Во втората рунда ќе играат вкупно 24 селекции: 17 од првата фаза и 7 тимови кои ќе настапат на квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Овие ќе бидат поделени во шест групи по четири, а натпреварите ќе се одржат во два прозорци, во ноември 2026 и февруари 2027.
Двете најдобри селекции од секоја група ќе обезбедат пласман на финалниот турнир, каде што ќе им се приклучат на домаќините Белгија, Финска, Литванија и Шведска.

Македонија ќе има тешка задача во групата со Грција, Хрватска и Данска, но со добра поддршка и подготовка, постои реална шанса за пласман понатаму.

- Оглас -

Најнови вести