Кошаркарот кој му се закануваше на Никола Јокиќ, Маркус Морис, синоќа е уапсен од полицијата на Флорида поради финансиски малверзации, по налог на едно казино. Американските медиуми шпекулираат дека се работи за фалсификувани чекови, но неговиот менаџер демантира и тврди дека неговиот клиент немал покритие за чековите, но не и дека тие биле фалсификувани.
Маркус и неговиот брат Маркиф станаа познати откако ги повикаа браќата Јокиќ на физичка пресметка, и тоа во боксерски ринг, а причината е инцидентот што го имаше Никола со Маркиф, кога овој остро стартуваше, а Србинот го оттурна од зад грб.