Кошаркарот кој во НБА заработи 276 милиони долари, доаѓа во Европа

Петкратниот НБА-олстар играч, Џон Вол, би можел да биде нов кошаркар на Армани Милано, објави специјализираниот кошаркарски портал „Баскетњуз“ повикувајќи се на свои извори.

Наводно, тренерот на Армани, Еторе Месина, смета дека Вол кој е без ангажман, би бил идеално решение за бековската позиција следната сезона.

Доколку потпише со Вол, а Никола Миротиќ си го одржи зборот и исто така стави параф на договорот, тогаш Армани Милано преку ноќ ќе стане главен фаворит за освојување на титулата во Евролигата.

Вол во НБА играше за екипите на Вашингтон визардс, Хјустон рокетс и ЛА клиперс и досега заработи 276,5 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести