Лос Анџелес лејкерс против Мајами хит ноќеска (три часот по полноќ), ќе го играат петиот меч од финалето во плејофот на НБА лигата против Мајами. Лејкерс имаат предност од 3:1 во победи и се само на еден чекор од освојуање на шампионскиот прстен.
Со евентуална нова титула, Лејкерс ќе стигне до 17-тата титула во клупската историја и ќе го израмни рекордот на Бостон селтикс. Тоа би значело дека овие два клуба заедно ќе имаат 34 шампионски пехари од вкупно 73 одиграни сезони во НБА.
Играчот на Лејкерс Раџон Рондо има посебен мотив да стане првак. Рондо ќе се обиде да биде првиот кошаркар во историјата кој освоил титула со Бостон и Лејкерс, односно двата најтрофејни клуба. Со Бостон беше првак во 2008 година, кога во тимот на Селтикс играа и Пол Пирс, Кевин Гарнет и Реј Ален.
„Бев шампион со само 22 години. Сега имам 34 и се е поинаку. Знам дека ова е уникатна можност, затоа што е нешто што не се случува секој ден. Можам да кажам дека сум среќен и благословен што играм толку долго“, рече Рондо пред можеби последниот меч од финалната серија меѓу Лејкерс и Мајами.