Руди Фернандес, искусниот кошаркар на Реал Мадрид, ги пофали навивачите на Партизан, популарните Гробари, за неверојатната атмосфера што ја создадоа во „Штарк арената“ на вчерашниот натпревар.
Во третиот меч од четвртфиналната серија во плејофот во Евролигата, славеше Реал Мадрид со 82:80 и намали на 2-1 во победи во серијата кој прв до три триумфи.
„Имам само пофални зборови за навивачите на Партизан. Тие прават фантастична атмосфера, а ваков амбиент ретко се гледа во Европа. Ова е нешто неверојатно, одлично го поддржуваа и го бодреа својот тим. Мораме да се адаптираме на ваквите услови“, изјави Фернандес по натпреварот.
Четвртиот натпревар во серијата ќе се игра утревечер, исто така во Белград.