Кошаркарот на Индијана пејсерс, Тајрис Халибартон, имаше убедливо најмала минутажа во репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз. Тој настапи на само три од шестте натпревари и собра нешто над 25 минути на паркетот.
Тоа беше причина кошаркарот да напише на социјалните мрежи: „Кога нема да направиш ништо во групен проект, а сепак на крајот добиваш петка“, со прикачена фотографија од медалот.
https://twitter.com/TyHaliburton22/status/1822401754945798346?ref_src=twsrc%5Etfw