Кошаркарска лекција за Австријците: Македонија славеше со +36 на стартот од младинското ЕП

Машката кошаркарска селекција на Македонија до 20 години, на најдобар можен начин стартуваше на Евробаскетот за млади во Б дивизијата. Во првиот меч од групната фаза, пулените на Никола Василев ѝ одржаа лекција на Австрија со убедливи 90:54.

Во НБА стил македонските кошаркари тргнаа фуриозно и постигнаа 33 поени во првите 10 минути за градење на двоцифрена предност. И во сите останати периоди Македонија беше подобра од противникот, постепено ја градеше огромната предност за фантастичен старт на европската мисија.

Марко Миловановиќ со 15 поени беше најефикасен играч во нашиот состав, со 13 заврши Савиќевиќ, Данаиловски постигна еден поен помалку. Селекторот Василев им даде шанса на сите играчи, а тие ја оправдаа довербата така што сите се запишаа во листата поентери.

- Оглас -

Најнови вести