Барселона со високи 93:64 го совлада тимот на Гран Канарија во мечот од 27-то коло во Евролигата. Избраниците на Светислав Пешиќ покажаа доминација во „Палау Блауграна“ и им вратија на „канаринците“ за минималниот пораз претрпен при првата овосезонска пресметка во рамките од Евролигата.
Гостите добро се држеа до полувремето, но Барса го засили темпото во последните минути од третиот период, па со серија од 10-0 дојде до првата посериозна предност. Домаќините продолжија и во решавачката четвртина да го полнат кошот на Гран Канарија, за на крајот Каталонците да слават со големи +29 разлика.
Пангос со 19 поени се истакна како најефикасен во редовите на домаќинот, 16 додаде Синглтон, со 14 поени заврши Курич. Кај поразените, најрасположен играч беше Стробери со 15 поени.
Претходно во Истанбул, Фенербахче го пречека составот на Будуќност, дуел кој турскиот гигант го доби со 76:67, иако мотивираните гости од Црна Гора имаа предност од +10 во текот на првото полувреме.
Олимпијакос на домашен терен го совлада Баерн Минхен со високи 89:69, додека ЦСКА Москва славеше на гости кај Анадолу Ефес со минимални 78:80.