Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија донесе неколку клучни одлуки како дел од стратегискиот план за периодот 2025–2029 година.
Најзначајната промена е ребрендирањето на елитното кошаркарско натпреварување. Од сезоната 2025/26, досегашната Прва лига ќе го добие новото име – Суперлига. Дополнително, од сезоната 2026/27 бројот на учесници ќе се намали од 12 на 10 екипи, со цел зголемување на квалитетот и натпреварувачката конкуренција.
Федерацијата воведува и нови правила за настап на странски кошаркари. Во регуларниот дел од сезоната секој тим ќе смее да регистрира до четворица странци, од кои максимум тројца ќе може истовремено да бидат на терен. Во плејоф фазата, ова ограничување ќе биде укинато – клубовите ќе имаат слобода во составувањето на тимот.
Овие промени се дел од поширок план на КФСМ за унапредување на домашната кошарка и приближување до европските стандарди.