Кошаркарската федерација утре ќе го промовира новиот македонски селектор

Кошаркарската федерација на Македонија за утре напладне закажа прес-конференција на која официјално ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија и неговиот стручен тим.

На местото на досегашниот селектор Александар Јончевски, доаѓа Марјан Илиевски.

Нашиот машки сениорски национален тим ова лето ќе биде дел од претквалификациите за пласман на Светскиот куп во 2027 година. Македонија е дел од групата „Б“, во која се уште и Романија и Унгарија. Илиевски дебито како селектор ќе го има на 2 август против Романија, меч кој ќе се игра во Куманово, каде што мина еден дел од неговата кариера како играч.

Илиевски беше тренер на Блокотехна кога овој клуб од Гевгелија ја освои БИБЛ-лигата, а сопственик на клубот беше сегашниот претседател на КФМ, Томе Главчев.

- Оглас -

Најнови вести