Кошаркарската прва лига доби генерален спонзор, тоа е помагателот на МЗТ и Работнички

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, кој е дел од групацијата Телеком Србија, со гордост ја најави својата нова улога како генерален спонзор на најдоброто клупско кошаркарско натпреварување во Македонија.

„Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка, кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија длабоко сме посветени да соработуваме со спортските федерации и клубовите, за да ги поттикнуваме заедничките вредности и да промовираме активна, здрава заедница која ги инспирира младите луѓе. Уверени сме дека нашата поддршка ќе придонесе за возбудлива и успешна сезона, каде што и клубовите и навивачите ќе уживаат во извонредни спортски достигнувања,“ вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Покрај спонзорството на лигата, оваа компанија го проширува и партнерството со актуелниот шампион КК МЗТ Скопје Аеродром, станувајќи генерален спонзор на клубот за претстојната сезона.

МТЕЛ, исто така, со големо задоволство ја продолжува својата тековна соработка и со најтрофејниот клуб на македонската кошаркарска сцена, КК Работнички, чиј генерален спонзор е веќе трета година по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести