Македонската машка кошаркарска репрезентација своите подготовки за мечот со Луксембург на 27 февруари ќе ги почне в понеделник, во салата „Градски парк“ во Скопје и тоа ќе биде камбек во храмот на кошарката по пауза од 20 години.
Салата е при крај со реновирањето, свеченото отворање неколкупати беше одложувано, а сега се чека само „зелено светло“ од ФИБА за и дефинитивно повторно да се игра кошарка во салата, која оригинално е изградена пред 56 години и која е дом на КК Работнички.
„Градски парк“ е пријавен и во ФИБА како сала во која ќе се игра мечот со Луксембург од првата рунда претквалификации за СП 2029.

