35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Кошаркарската репрезентација со тројца дебитанти отпатува за Грузија

Македонскиот кошаркарски национален тим одвај го формира играчкиот ростер за натпреварот против Грузија од квалификациите за СП 2023, закажан за в четврток од 16 часот во Тбилиси.

Селекторот Драган Бајиќ е позитивен на ковид-19 и ќе мора да остане во Скопје, па тимот ќе го водат Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ.

Стручниот штаб се определи за следниве 12-мина кошаркари: Бојан Крстевски, Андреј Митревски, Кристијан Николов, Војдан Стојановски, Максим Митевски, Павел Данаиловски, Теодор Симиќ, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Валмир Какруки, Џејкоб Вајли и Виктор Ефремовски. 

На дуелот со Грузија во Скопје на 27 февруари се очекува составот да биде посилен за Ненад Димитријевиќ, можеби и уште некој.

- Оглас -

Најнови вести