Кошаркарски џин збесна, судијата не знаеше каде да бега (Видео)

Во една од пониските кошаркарски лиги во Аргентина се случи несекојдневен инцидент. На дуелот меѓу екипите на Платенсе од Ла Плата и Гимнасија де Чиволи, гостинскиот центар Жозе Луис Папаларди го нападна судијата Андреас Алварес.

По една акција на домашната екипа, беше досудена втора неспортска грешка на гостинскиот центар, кој едноставно не можеше да ја прифати одлуката дека треба да го напушти теренот.

Кошаркарот најпрво неколку пати вербално го нападна судијата, а останатите кошаркари го смируваа лутиот играч. Во еден момент центарот на гостите целосно збесна и тргна да го тепа судијата. Арбитерот не знаеше каде да бега, а во еден момент успеа да го најде патот до соблекувалната и се спаси од линч.

 

 

- Оглас -

Најнови вести