22.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Кошаркарски натпревар заврши нерешено откако судиите досудија девет технички грешки против Македонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го одигра последниот меч во подготвителниот период за настапот на Европското првенство во Ерменија, а противник на младите македонски кошаркари беше селекцијата на Косово.

Мечот во Качаник заврши нерешено, 69-69, што е несвојствено, со оглед на тоа дека во тој случај би требало да се играат пет минути продолжение, но се чини дека причината е катастрофалната арбитража на косовските судии, кои досудиле неверојатни девет технички грешки против Македонија.

„Ќе кажам само тоа, ни беа досудени дури девет технички грешки за време на натпреварот во кој одлучив да ги поштедам Лукановски и Зетов, а многу малку во финишот на средбата, играше и Стојковиќ, како трет од стартната петорка која ја имавме на првиот меч во Скопје.“ – вели селекторот Горан Самарџиев.

Пред два дена во Скопје, во меч на истите селекции, Македонија славеше убедливо со 71-59.

- Оглас -

Најнови вести