Во Буенос Аирес почина Патрик Бауман, генералниот секретар на ФИБА, и член на Интернационалниот олимписки комитет каде беше како претставник на кошаркарскиот спорт.
Бауман кој од 2002 година беше ген-сек на ФИБА, беше во главниот град на Аргентина за да присуствува на младинските Олимписки игри, и после ненадејниот срцев удар, лекарите се обидуваа да го спасат, но за жал, не успеаја.
Швајцарецот кој беше поранешен кошаркар, тренер и судија, има сопруга и две деца. Тој во ФИБА влезе како адвокат во 1994 година
„Ова е голем шок и силен удар за сите нас. Не можев да поверувам кога ја слушнав лошата вест. Загубивме симпатичен лидер полн со надежи за иднината на спортот“ – рече првиот човек на ИОК, Томас Бах.
Во следните три дена, олимписките знамиња ќе бидат на половина копје.