Кошаркарскиот куп ќе биде супер, изедначеноста е голема, никој не е сигурен победник

Купот кој ќе се одржи во салата на СРЦ Кале во Скопје, кој од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски-Буштур“, во чест на покојната македонска кошаркарска легенда. Лани немаше завршница во ова натпреварување, па трофејот од преклани го брани Работнички, кој денеска го доби пехарот кој останува во трајна сопственост.

Четвртфиналните дуели се Пелистер – Навико ФМП Академија, Работнички – ТФТ, Еуро Никел 2005 – Гостивар и МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009. Овие средби се играат на 14 мај. Полуфиналињата се в сабота, а финалето се игра в недела, во 17.30 часот.

Скопските екипи Работнички и ТФТ, кои се како домаќини во СРЦ Кале бидејќи таму играа како домаќини во лигашките мечеви.

„Најважно е што се придвижуваме кон крајот на сезоната, се обидуваме да се освежиме. Работнички е име кое обврзува да ги освоиш трофеите. Во Купот можни се изненадувања, лигата е изедначена, со ТФТ имаме скор 1-1, мислиме само на тој меч“, вели Димитар Мираковски.

„Голема чест за нашиот клуб, кој е со кратка спортска историја, е да биде дел од завршницата на Купот. Знаеме што значи името Работнички во нашата кошарка, ние со исклучок на двајца, имаме играчи кои првпат се на ваков настан, распоредот е згуснат, се надеваме дека може да правиме нешто“, рече тренерот на тафталиџани, Боро Смилковски.

МЗТ неодамна загуби во првенството од Куманово, а овие екипи ќе се сретнат и во четвртфиналето на Купот и плејофот.

„На куп-мечеви не победува секогаш фаворитот. Како МЗТ имаме обврска да дадеме максимум, се подготвуваме само за дуелот со Куманово, се надевам на победа“, најави капитенот на Металците, Дамјан Стојановски.

Александар Андрејевиќ, кој е капитен на кумановци, вети борба и атак на пласман барем во полуфиналето.

„Ветувам дека ќе ја вложиме целата енергија, а ако тоа биде доволно, ќе биде супер. Се надевам на успех“, рече Србинот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести