Кошаркарскиот турнир на ОИ 2020 ќе се игра во нов формат

ФИБА најави промени за кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио. Повеќе нема да се игра во форматот од две групи, 12-те репрезентации ќе бидат поделени во три групи по четири претставници, а во нокаут-фазата ќе се пласираат првите две селекции од групите, како и две од најдобрите третопласирани селекции.

Две репрезентации од иста група не ќе можат да се соочат во четвртфиналето, а овој формат, секако, ќе важи и во женската конкуренција.

ОИ во Токио се закажани за летото 2020 година, а ќе траат од 24 јули до 9 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести