Кошаркарските клубови на историски видеосостанок, наскоро може да падне историска одлука

На состанокот преку конференциска врска остварен денеска, раководството на Кошаркарската федерација на Македонија ги слушна предлозите и мислењата на десетте клубови кои се дел од Првата лига-мажи и беше донесен заклучок во текот на денот Федерацијата да ги добие сите предлози од страна на клубовите и за кратко време да донесе конечно решение.

Договорено е во рок од 24 часа, односно до утре во 12 часот, претставниците на десетте клубови од Првата лига-мажи во писмена форма да ги достават своите размислувања, предлози, сугестии, барања кои се поврзани со понатамошното функционирање на нашето најквалитетно натпреварување.

По разгледувањето на ставовите на прволигашите, во најкраток рок во координација со ФИБА, раководството на КФСМ ќе донесе и конечна одлука околу тоа како и дали ќе се реализира натпреварувањето во Првата лига за сезоната 2019/20.

Во некои земји се прекинаа шампионатите и за шампион се прогласија водечките клубови. Ова е реалност и за нас бидејќи во најголем дел од клубовите, странските кошаркари си заминаа дома. Останува да се види и што ќе биде со Купот кој не се одржа. Ако МЗТ биде прогласен за шампион, ќе нема ниту испаѓање од првата лига и тоа ќе значи проширување на лигата за следната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести