Наместо почеток на плејофот и борбата за титулата, во македонската клупска кошарка се случува колапс, судиите решија да стапат во штрајк затоа што со месеци не добиле пари за сработеното и не прифатиле делумно да бидат исплатени, туку го бараат целиот долг кон нив.
Нема делегирање за натпреварите и тоа е знак дека навистина нема да има кошарка.
Наскоро треба да се одржи Вонредно собрание на КФМ, на кое треба да се гласа за разрешување на претседателот Перо Антиќ, и неизвесноста ги плаши судиите кои долго време добивале лажни ветувања, па се одлучија на ваков чекор токму сега.