Како ретко кога досега, кошарката е во преден план во денешниот Супер тип. Голем број натпревари од лигите низ Европа, како и мечот меѓу Мајами хит и Бостон селтикс од НБА лигата.
За триумф на селтикси во мечот од 02:30 часот пополноќ, квотата изнесува 1.84.
Интересно е тоа што ги има дветее полуфинални средби од шампионатот на Македонија во оваа понуда на зголемени коефициенти. МЗТ од 20:30 часот ќе му гостува на ТФТ, а за триумф на „металците“ има квота од 1.40. Додека, пак на средбата меѓу Еуро Никел и Пелистер, истата за кец изнесува 1.95, додека за Битолчани е точно 2.00.
Од фудбалските средби, најпривлечна ќе биде таа меѓу Хадерсфилд и Нотингем форест во мечот за тоа кој ќе се пласира во Премиер лигата, а за триумф на гостите има коефициент од 2.40.