Кошарката како ракометот – Заврши првенството без шампион и испаѓање од Првата лига

Кошаркарите минаа како ракометарите и одлучија да ја завршат предвреме сезоната 2019/20 поради пандемијата со ковид-19 и без да се прогласи шампион.

Управниот одбор на МКФ со убедливо мнозинство на гласови одлучи кошарка да нема веќе за оваа сезона, а ќе нема ниту шампион, ниту испаѓање од Првата лига.

Две екипи од Втората лига ќе бидат промовирани во нови прволигаши и следната сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување кај нас ќе се игра со проширен формат.

Против оваа одлука во изминатиов период беше МЗТ Скопје, кој е лидер на табелата до прекинот, а се биеше голема битка, што на крај ја загубија Металците.

Вчера и Ракометната федерација на Македонија одлучи да се прекине домашниот шампионат без да има првак, а беа одредени екипите што ќе играат во еврокуповите.

- Оглас -

Најнови вести