Кошарката се сеќава на иконата од Ел-Еј: Коби денес требаше да го слави 44-тиот роденден

Среќен роденден Коби Брајант – тоа е пораката која денес најчесто ќе се гледа на социјалните мрежи, како легендата на ЛА лејкерс да не го загуби животот на трагичен начин во хеликоптерската несреќа која се случи на 26 јануари 2020 година.

Иконата на светската кошарка, идол на многу генерации, денес требаше да го слави 44-тиот роденден. Кошарката се разбуди со една помисла, да го честита роденденот на популарната Црна Мамба, иако тој веќе извесно време не е со нас.

И утре ќе биде посебен ден во Лос Анџелес, ќе се слави „Коби ден“ на датумот 24.08, броевите кои Брајант ги носеше на златно-виолетовиот дрес цели 20 години. Петкраниот НБА-првак со вакви манифестации, настани и раскази на сите кошаркарски љубители, никогаш нема да биде заборавен.

https://twitter.com/Eurohoopsnet/status/1561835994919346178

https://twitter.com/RocNationSports/status/1561926205925986304

https://twitter.com/PhilippineStar/status/1561867061835472896

- Оглас -

Најнови вести