Од фудбалската репрезентација на Венецуела соопштија дека 12 членови на нивнит тим се позитивни на Коронавирусот. Оваа информација доаѓа неполни 24 часа до стартот на Јужноамериканското првенство, популарната Копа Америка.
Вечерва од 23 часот, домаќинот Бразил игра токму против Венецуела. Меѓу заразените сигурно се петмина фудбалери меѓу кои е и капитенот Томас Рикен. Дуелот вечерва ќе се игра, но гостите ќе мора да „крпат“ тим за да се спротистават против големиот ривал.
Копа Америка првично требаше да се игра во Колумбија и Аргентина, но поради Коронавирусот, турнирот беше префрлен во Бразил. Освен мечот Бразил – Венецуела, вечерва играат и Колумбија – Еквадор.