Кошмар за обложувачите – Франција ќе игра со резерви против Тунис (Фото)

Франција веќе има обезбедено настап во осминафиналето на Светското првенство во Катар, тешко дека може да го загуби и првото место во групата, па селекторот Дидие Дешамп направи драстични промени во стартниот состав за мечот со Тунис од 16 часот.

Само Варан, Коман, Чуамени и Камавинга може да се сметаат како постојани или потенцијални стартери на важните натпревари, а останатите седуммина што со нив ќе го почнат мечот против Тунис најчесто се резерви.

Во нападот ги нема Мбапе, Жиру, Гриезман, Дембеле, а недостасуваат и голманот Љорис, Рабио, Упамекано… и сите се резерви.

Тунис се надева дека ќе го победи светскиот првак и дека Австралија и Данска ќе ремизираат за да направи чудо и да игра во осминафиналето.

Втората варијанта што им одговара е Данска да ја победи Австралија со помала разлика од таа со која тие би ја победиле Франција за да бидат втори во групата Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести