Кошмар за Шевченко, се плаши за животот на мајка му: Куќата се тресе од бомбите!

Андриј Шевченко кој од Лондон ги следи настаните во својата земја, рече дека се плаши за животот на неговата мајка, бидејќи таа живее блиску до аеродром кој е бомбардиран од Русите.

„Фудбалот веќе не постои за мене, бидејќи животот на моите најблиски е во опасност. Мајка ми ме разбуди ноќеска, за да ми соопшти дека пукаат по неа. Таа живее во близина на аеродром кој е бомбардиран од Русите. Куќата ѝ се тресе од експлозиите, а се слушаат и истрели. Тетка ми живее во подрум, четири дена е под земјам се плаши да излезе“ – раскажува популарниот Шева кој бара поголема помош за Украина бидејќи секое доцнење може да биде фатално.

- Оглас -

Најнови вести