Кошмарен старт на сезоната: Навивачите се заканија со ќотек за фудбалерите

Некогашниот европски првак Селтик има очаен старт на сезоната. По елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампиони од дански Мидтјеланд, Селтик загуби и на стартот од новата сезона. Во првото коло од шкотското првенство, Селтик гостуваше во Единбург кај Хартс и иако ја имаше фаворитската улога, на крајот загуби со 2:1.

Вкупно, на последните шест меча што ги одигра, Селтик има четири порази и две нерешени. Токму поради овие резултати, навивачите на гигантот од Глазгов почнаа да го губат трпението. Забележани се закани кон фудбалерите и тренерот од страна на фановите, па морала да реагира и полицијата.

Селтик сега ќе продолжи во третото квалификациско коло од Лигата на Европа против Јаблонец од Чешка, а во домашното првенство ги очекува меч против Данди.

 

- Оглас -

Најнови вести