На Манчестер јунајтед ќе му е потребно чудо во Германија затоа што само по 13 минути, англискиот тим е во негатива од два гола. На Лајпциг доволно му беа 110 секунди за да стигне до посакуваното водство во дуелот на двете екипи кои бркаат пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите. Анхелино доби одлична топка и лесно го матираше Де Хеа за водство од 1:0 на бундеслигашот.
Лајпциг продолжи да напаѓа и во 13-тата минута Хаидара погоди за 2:0. Манчестер јунајтед ако сака да игра во нокаут-фазата од ЛШ, не мора да остане непоразен вечерва.
Кристијано Роналдо на најдобар можен начин се врати на „Камп ноу“ и со погодок од пенал го доведе Јувентус во водство против Барселона. За Роналдо ова е 133-ти погодок во 174-тиот меч во ЛШ.
Само неколку минути по погодокот на Роналдо, италијанскиот првак стигна и до 2:0 благодарение на погодокот на Мекени.
GOAL! McKennie W. 20′ ⚽️
Barcelona 0-2 Juventus | #BarçaJuvepic.twitter.com/LLbS6nQySB
— noobfcb (@noob_fcb) December 8, 2020