Баер Леверкузен претрпе неочекувано тежок пораз на првиот меч со Ерик Тен Хаг како тренер на Фармацевтите.
Германскиот вицепрвак загуби со 1-5 од младинскиот тим (У20) на Фламенго на пријателскиот меч во Рио де Жанеиро. Фламенго петте гол ги даде уште во првите 54 минути од контролата, а потоа застанаа и не продолжија да го понижуваат противникот.
Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед го замени Чаби Алонсо на клупата на германскиот тим, но резултатот на дебито му беше далеку од очекувањата.