Еден од најдобрите шпански кошаркари во изминативе две децении сигурно е Хуан Карос Наваро. Играчот кој пред две години реши да се повлече од активното играње, не престана да ја одржува формата. Во својот двор Наваро има кошаркарско игралиште на кое тренира, а преку едно видео реши да покаже дека шутот уште неверојатно добро го служи.
Наваро беше еден од предводниците на шпанската репрезентација до освојувањето на златниот медал на Европското првенство во 2011 година. Македонските кошаркарски фанови ќе ја памтат неговата игра во полуфиналето против Македонија, кога беше незадржлив и даде 36 поени, предводејќи ја Црвената фурија до триумф од 92:80, а потоа и до победа во финалето против Франција.
Наваро ја почна кариерата во Барселона во 1997 година и со исклучок на една сезона кога настапи во НБА тимот на Мемфис Гризлис, останатиот дел од кариерата до 2018 година беше дел од каталонскиот гигант. Според тоа што сега го покажа на кошот во својот двор, Наваро слободно може да се врати од пензија.
https://twitter.com/i/status/1254854969057927168