Кошмарот на Олмо продолжува, нема да смее да игра ниту за Шпанија

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се соочува со многу сериозни проблеми. Фудбалерот кој пред почетокот на сезонава потпиша за Барселона и тоа за трансфер од 55 милиони евра, сега е „ни на небо ни на земја“.

Поради фунансиски проблеми и нарушување на финансискиот фер-плеј, Барселона не доби дозвола да го регистрира Олмо за вториот дел од сезоната. Според тоа, Олмо од 1 јануари е слободен играч, дури е и избришан од листата на фудбалери кои се дел од шпанското првенство на официјалната страна на Примера дивисион.

Освен што нема да смее да игра за Барселона, пред Олмо е уште еден проблем. Додека е без клуб тој нема да може да настапува ниту за репрезентацијата на Шпанија. Олмо беше еден од најдобрите фудбалери во националниот тим кој пред само неколку месеци на Европското првенство стигна до трофејот.

Досега Олмо има одиграно 41 меч за Црвената фурија и има биланс од 11 голови и 10 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести