Кошмарот на Црна Гора продолжува, седми пораз во низа

Репрезентацијата на Црна Гора загуби на свој терен од Исланд со 0:2 и останува на последното место во групата од Б сегментот во Лигата на нации. За Црна Гора ова беше петти пораз по ред во ова натпреварување, а ако се додаде дека пред тоа имаа уште два порази во контролни дуели, нивната губитничка низа е седум натпревари.

Исланд до триумфот стигна со два погодоци во последните 15-тина минути и официјално ја испратија Црна Гора во Ц сегментот за следниот циклус на Лигата на нации. Никогаш претходно во историјата на Црна Гора не се случило да има седум порази едно по друго. Последен пат се радуваа на триумф и тоа против Македонија со 1:0, во март на контролен дуел во Анталија.

Во мечевите кои се одиграа од 18 часот во Лигата на нации, Грузија – Украина 1:1, Турција – Велс 0:0, Азербејџан – Естонија 0:0 и Андора – Молдавија 0:1.

- Оглас -

Најнови вести