Косоварите лути, Ерменците им го свртеа знамето наопаку

Ерменија и Косово синоќа во Ереван одиграа пријателски натпревар, гостите победија со 1-0, но нашите соседи многу беа лути после мечот, поради поигрувањето и провокацијата со нивното знаме.

На дресовите на ерменската селекција, знамето на Косово беше свртено наопаку. Ерменија како држава не ја признава независноста на Косово и затоа Косоварите сметаат дека ова е направено намерно, а вина се бара и кај компанијата „Макрон“ која ги произведува дресовите на Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести