21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Косово без својот најдобар фудбалер против Македонија

Косовската фудбалска репрезентација ќе биде без Ведат Муричи на дуелот в четврток против Македонија во Скопје. Иако беше повикан за дуелот против Македонија, според најавите од Косово, Муричи нема да игра во полуфиналето од плејофот за пласман на Европско првенство.

Напаѓачот кој е познат по својата цврста игра и одлична игра со глава, во дресот на Косово досега има одиграно 23 меча, во кои има постигнато осум гола. Тој требаше да биде главен адут на гостите за дуелот во Скопје против Македонија.

И нашата репрезентација нема да биде комплетна за овој важен меч затоа што од пред неколку дена Елиф Елмас е во самоизолација, откако беше потврдено дека е позитивен на корона-вирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести