Косово е веќе во архива, Македонија е подготвена за предизвикот во Талин (Фото)

Нема многу време за одмор за македонските репрезентативци и октомври и ноември ќе бидат пеколно тешки и напорни со мечевите во Лигата на Нации.

Победата против Косово од 2:1 е веќе архивирана и сега избраниците на Игор Ангеловски ги чека нов предизвик, да се надигра Естонија во Талин во недела од 18 часот за да се остане на врвот во нашата група од Ц сегментот.

Македонија игра на два фронта, треба да го заврши првиот циклус од Лигата на Нации со финале на 12. ноември во Тбилиси во Грузија, во меч што може да не одведе на ЕП идната година, но мора да се победува паралелно и на дуелите од вториот циклус што го почнавме во посвисок ранг, во Ц сегментот и немаме пораз по две кола.

Репрезентативците веќе тренираа попладнево пред патот за Талин, Естонија и дуелот на „Ле Кок“ стадионот во недела од 18 часот.

Против Естонците нема да играат Висар Муслиу поради црвен картон со Грузија и Егзон Бејтулаи и веројатно и Аријан Адеми поради повреди и замор.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести