Косово со победата над Шведска од 1-0 сега е фаворит за второто место во својата група, има четири бода предност на две кола до крајот, а ако се пробијат до баражот, теоретски може ривал да им биде Албанија.
И Србија може да влезе во бараж, но ФИФА нема да дозволи меч на Косово со Србија.

Меѓу косовските фанови доминираа албански знамиња, тие се етнички Албанци, па евентуален меч на Албанија против Косово на некој начин би бил спектакл и многумина кај нас и во Косово би имале дилема за кого да навиваат.

