Косово ќе ја обжали одлуката на УЕФА за службен пораз (3-0) на мечот против Романија

Фудбалската федерација на Косово не ја прифаќа одлуката на УЕФА да додели службен пораз на нивниот национален тим во натпреварот против Романија од Лигата на нациите.

Средбата беше прекината во судиското продолжение откако косовските фудбалери го напуштија теренот поради провокативни скандирања „Србија, Србија“ од трибините.

„За федерацијата и играчите на нашиот тим, оваа одлука потврдува дека постапивме правилно против расистичките и провокативните политички изјави насочени кон Косово. Оваа одлука целосно ги оправдува нашите дејствија и сме горди што фудбалерите на нашата репрезентација правилно ја процениле ситуацијата и го напуштија теренот како протест против дискриминаторското однесување на дел од навивачите. Косово постави нов стандард за заштита на достоинството и почитувањето во меѓународниот фудбал“, се вели во соопштението на косовската федерација.

УЕФА донесе одлука за службен резултат 3-0 на скандалозно прекинатата средба меѓу Романија и Косово, додека Романската федерација беше казнета со затворање на стадионот за следниот домашен натпревар на нивниот тим поради расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите.

Исто така, Романската федерација е казнета со 130.000 евра за расистичките акти, политичките пораки, фрлените предмети, пиротехниката и други инциденти.

- Оглас -

Најнови вести