16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Косово против Шведска ја брани светската титула која ја имаат освоено 50-тина земји

Мечот помеѓу Шведска и Косово од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 можеби за нас и не е интересен, но за педантните статистичари ова е исто како „финале“.

Веројатно малкумина знаат дека постои „титула“ која се нарекува „неофицијален Светски шампион“, а се „доделува“ по форматот како на бокс мечевите. „Неофицијален светски шампион“ е во организација на Фудбалската статистичка фондација (RSSSF) и ги смена сите натпревари од репрезентациите од 1872 година, па сè до денес.

Потребно е предизвикувачот да го победи неофицијалниот шампион за да ја преземе титулата, а Косово тоа го направи во септември, кога славеше во Приштина над Шведска со 2-0. Токму Швеѓаните пред нив беа неофицијални светски шампиони, а Косово ја одбрани титулата со ремито против Словенија.

Повеќе од 50 земји во светот се имаат „закитено“ со оваа титула, за жал, Македонија не е помеѓу нив, но ние двапати игравме „финале“ и не успеавме да победиме.

Македонија првпат ваква можност имаше во 2009 година, кога ја предизвикавме Холандија и загубивме со 4-0, а потоа и во 2014 година, кога во пријателски меч игравме 0-0 против Катар во италијанскиот град Рието, но Катарците со ремито ја задржаа „титулата“.

Освен Англија и Шкотска, селекции со кои започнува светскиот репрезентативен фудбал и носители на најмногу вакви титули, во листата има и егзотични земји, како Сиера Леоне, Курасао, Либерија, Венецуела …

Сите натпревари за „неофицијалната светска титула“ може да ги најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести